Франција: Додека седела на тераса и си пиела кафе, ја погодил метеорит

 

Жена, на почетокот на овој месец, додека седела на својата тераса пиејќи кафе, на североистокот на Франција доживеала несреќа, кога ја погодил метеорит со големина на пинг-понг топче.

Случаите во коишто метеорити удираат во луѓе се исклучително ретки, но една Французинка се најде меѓу нив откако метеорит ја погодил кај ребрата. Таа, како што раскажува прво слушнала звук на покривот, а потоа и удар во ребрата. Сепак, се работи за мало парче камен што се одбило од кровот и завршило кај жената, па предизвикало само модринки.

– Мислев дека е некое животно – како лилјак, или пак, парче цемент, вели таа.

Немала други повреди. Камчето потоа таа го однела кај геологот д-р Тиери Ребман, кој преку анализа утврдил дека се работи за карпа со вонземско потекло.

Во Франција во 21. век се забележани пет случаи поврзани со луѓе погодени од метеорит. Според „Нејшнал џиографик“ (National Geographic), Ен Хоџис е првата потврдена и официјално документирана личност во историјата која била погодена од метеорит и преживеала. Тоа се случило во 1954 година, кога црно парче карпа со ширина од 10-на цм го продупчила таванот и ја погодила жената која се здобила само со една голема модринка.

19.07.2023 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега