(ФОТО+ВИДЕО) Тони Зен во „Бомбакис поткаст“: Јас не сакав да учествувам во Survivor, ама отидов да се промовирам себеси
Еден од најпознатите рапери на македонската сцена, Тони Зен е гостин во седумнаесеттата по ред епизода, од „Бомбакис поткастот“ на Кристијан Станковски.
Утревечер, во 21 часот, на YouTube каналот „Bombakis“, Петковски ќе открие детали за неговото искуство во шоуто „VIP Survivor“. Тони Зен ќе си каже зошто не сакал да учествува во шоуто, но и кој го убедил во спротивното.
На „жешкото“ столче во студиото на Станковски ќе си признае што би бил, кога не би бил пејач, како музика се слушала во неговиот дом, искуството со светските музички ѕвезди, ќе говори за сегашните, но и идните планови на поле музика.
За потсетување, последен гостин во „Бомбакис поткастот“ беше пејачот Ламбе Алабаковски, кој за првпат јавно говореше за подметнувањето на пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Разговорот на оваа тема започнува во 45.20 од поткастот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа