ФОТО+ВИДЕО: Пензионерите излегоа на протест, бараат покачување на пензиите

 

Скопските пензионери денеска излегоа на мирен протест пред Собрание за да го искажат своето незадоволство од висината на минималната пензија и од процентуалното покачување. Тие истакнаа дека не се водат од партиски интереси, туку дека нивниот протест е егзистенцијален бидејќи пензионерите немаат доволен приход со кој би можеле да го поминат месецот.

Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

„Не можеме да живееме со 12 000 пензија. Струјата е покачена, парното и водата и телефони се покачени. За храната да не зборуваме, лубеници не можеме да си дозволиме од што е зголемена цената на овошјето. На внуците не можеме да им купиме една чоколада, и затоа бараме да се покачи пензијата најмалку 20 до 25 илјади и тоа што поскоро“, рече пензионерката Вера Стојановска.

 

„Досегашниот износ не ги задоволува ниту минималните потреби и едно обично нормално живеење на луѓето. Ние Македонците сме мирен народ, и некој некогаш ќе каже остави го Македонче мирно е ќе ќути, меѓутоа сега гласот на Македонецот се слуша и ќе се слуша уште повеќе“, рече една од пензионерките.

Согласно новата Методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од 17.666 денари се зголеми на 19.150 денари.

Покрај денешниот протест во Скопје, минатите денови се организираа протести и во други градови во земјата, а помасовен собир се најавува за 14 август.

 

09.08.2023 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега