(ФОТО+ВИДЕО) Дизајнерката Ива Спасовска го прослави 10-тиот роденден на своето ателје
Дизајнерката Ива Спасовска на 12. декември го прослави 10-тиот роденден од постоењето на нејзиното модно ателје. За овој важен јубилеј традиционално, Спасовска приреди голема торта на спратови и преку посебно видео се обрати на нејзините клиентки, заблагодарувајќи им се за довербата која и ја даваат.
„Денес е голем ден на брендот Ива Спасовска, денес одбројуваме цели 10 год од постоењето на ателјето во Скопје, Капиштец, и денес заокружуваме едно златно поглавје полно со непроценливи моменти, презадоволни девојки, воздишки и насмеани лица. 10 год исполнето со многу модни ревии, роденденски забави, гостувања во емисии, интервјуа, фотосесии, лансирање на нови линии, каде што милиони девојки заблескаа во мои креации што ме прави исклучително горда и среќна“, пишува дизајнерката Спасовска во описот на објавеното видео на социјалната мрежа „Инстаграм“.
„Ви благодарам девојки мои што сте дел од мојата приказна, што ме поддржувате секој ден уште пред да го отворам моето атеље, уште пред 15 години кога ви правев накит, ви благодарам што сте ми мотивација и муза и ви ветувам дека ова е само почеток на нашата среќа во модниот свет. Ве сака вашата Ива“, пишува Ива во описот на видеото.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа