(ФОТО) Синдикатот на полиција: Во 21 век полицајците во Македонија се оставени без вода за пиење

Синдикатот на полиција во Македонија преку статус на Фејсбук пишува дека полицајците во 21 век се оставени без вода.

„21ви век!!! Што значи тоа

За МВР значи дека нема основни услови за работа

Колеги пуштени на преживување без вода!!! Освен ако си наполнат од изворче или ако си купат. За кафе, де, не мора да има за хигиена. Скраја да е да имаат потреба од миење раце. Или чаши, садови, прибор. Не дај боже пак цистерна да им се обезбеди, галиба “вселенска” технологија е тоа за нас. Па така :ќе си купуваат” диспанзери за вода, баш како ГП ГН Чашка. Од немајкаде, од сопствен џеб. Е ама и тоа има рок. И тоа се расипува. И што тогаш?
Наместо некој во МВР да си го стави прстот на глава и да им обезбеди вода, основен услов за живеење а камоли за работа, ќе мораат да бараат помош.
ЗА ВОДА⁉️

Еееј за вода за пиење немаат колегите, небаре Африка сме во Сахара,а не среде Европа.

“Каде си МВР, сега да дојдиш, да се појавиш…”

Ама сигурни сме дека ќе се појави друг, дотичен ДООЕЛ “Привезок” да го спасат МВР од срамови. Со нивниот буџет над пола милион евриќи, еден диспанзер е играчка. А ние, за жал, можеме да обезбедиме само чаши. Пластични. Од свој џеб.

БАРАМЕ МВР ДА СИ ЈА ИСПОЛНИ ОБВРСКАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОСНОВНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА ВО ПС за ГН ЧАШКА

Немаат вода колегите или да почекаат снег да падне???

Има ли Командир на таа станица, има ли Началник на РЦ за ГР за таа станица, има ли Директор на БЈБ. ШТО ПРАВИТЕ ?

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#силанановотовреме

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

25.11.2022 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега