(ФОТО) Што јадат министрите? Османи на појадок со министрите на земјите членки на ЕУ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утрово учествуваше на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија што се организираше под покровителство на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас. Работниот појадок беше посветен на европското досие на Северна Македонија, а се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ.
Исто така, на средбата беа присутни и Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Жозеп Борељ и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.
Можеби отсекогаш сте се прашувале што јадат министрите за појадок на работните состаноци.
Овој пат имате прилика да погледнете, како изгледаше утринската атмосферата на работниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа