ФОТО: Пожар во дворот на болницата во Струмица
Рано утринава пожарникари интервенирале во дворот на ЈЗУ Општа болница- Струмица. Тие во пет часот биле на терен и спречиле поголема катастрофа.
- ТППЕ Струмица со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на две запалени хаварисани возила. Пожарот беше локализиран и ликвидиран за кратко време после пристигнувањето и беше спречено негово проширување на блиските околни објекти, стои во постот на Фејсбук.
17.02.2025 - 09:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа