ФОТО: Поплави во Велес по силното невреме проследено со грмотевици

Вистински хаос остави зад себе големото невреме што го зафати градот Велес. Поплавени улици, тротоари и „вештачки езера“ е сликата на којашто сведочат велешани по силното невреме, за кое предупреди и УХМР на социјалните мрежи.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи на велешкиот портал tirekovmirece.com може да се забележат големи количини на вода низ улиците, по кои сообраќаат возила. Моментално, сообраќајот во централното подрачје се одвива отежнато, надлежните препорачуваат внимателно управување со возилата.

25.05.2023 - 15:39
Фото: 
ФБ tirekovmirece.com

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега