(ФОТО) Невреме со силен дожд и град во Скопје: Паднати дрвја и подвозници полни со вода
По Куманово и Крива Паланка и источниот дел од Скопје и населбите од скопската котлина Илинден и Драчево се зафатени од невреме. Пороен дожд проследен со град и ветар започна попладнево.
Во скопските општини Чаир и Гази Баба има и паднати поголеми гранки од дрвја. Во Бутел е вистински хаос – подвозниците се полни со вода и се непроодни.
Градоначалникот на Општина Центар предупреди граѓаните да внимаваат и да се јават на службите доколку имаат проблеми со невремето.
Исто така, на патниот правец Куманово – Кратово, граѓани јавуваат дека има одрони на коловозот и препорачуваат внимателно возење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа