(ФОТО) Брза реакција: Затворена шахтата спроти ТЦ Скопјанка

 


Опасноста од отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка е отстранета, и на истата е поставен поклопец. Центарот за управување со кризи (ЦУК) изрази голема благодарност до службите во Општина Аеродром, кои го решиле проблемот во интерес на безбедноста на граѓаните, иако тоа не било во нивна надлежност.

Потсетуваме дека минатата седмица, преку социјалните медиуми, до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пристигнала пријава од граѓани за две отворени шахти во Општина Аеродром: едната спроти ТЦ Скопјанка, а другата после подземниот премин на бул. К.Ј. Питу, кај зградата бр. 28 (пред Спортлајф). ЦУК веднаш ги извести ЈП Водовод и канализација на Град Скопје, од каде беше добиен одговор дека двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради. Поради фреквентноста на локацијата и намалената видливост во вечерните часови, ЦУК апелираше на итно санирање на проблемот.

15.04.2025 - 16:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега