Фон дер Лајен во четврток доаѓа во Скопје

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе  посети шест држави.

Во среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа.

В0 четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за  Македонија.

Планирано е да ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина.

Во петок таа ќе отпатува за Србија,  а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.

18.10.2024 - 20:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега