Фон дер Лајен: Русија ќе мора да плати за воените злосторства во Украина
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија ќе мора да плати за воените злосторства извршени во Украина.
– Уништувањето на браната, невиден напад врз цивилната инфраструктура, става во опасност илјадници луѓе во регионот Херсон. Европа мобилизира поддршка преку Механизмот за цивилна заштита. Се координираме со земјите-членки за брза испорака на пумпи, противпожарни црева, филтри за вода. Стоиме покрај Украина онолку долго колку што е потребно, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Претходно, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го осуди нападот, истакнувајќи дека украинските деца, жени и мажи ќе трпат последици од страшното уништување на хидроцентралата Каховка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа