Финец реши да го разнесе својот Tesla Model S, откако слушна колку ќе чини поправка на батеријата(ВИДЕО)
Во Финска, незадоволен сопственик на Tesla Model S од 2013 година решил буквално да го разнесе својот автомобил со експлозив во знак на незадоволство и да го објави на YouTube.
Тумас Катаинен употребил 30 килограми динамит за да го разнесе својот Tesla Model S, откако му откажала батеријата на автомобилот, а Тесла му рекле дека нема друга опција освен да ја замени, за 20.000 евра.
Со оглед на тоа што еврата сè уште не растат на дрвјата, дури ни во Финска, 26-годишниот Катаинен контактирал со локалните јутјубери Pommijätkät „бомбаџии“, кои решиле да му помогнат неговиот Model S, да „оди“ со голем тресок.
Tesla веќе доби бројни поплаки за трошоците за замена на батеријата, додека независните сервиси нудат замена за помалку од четвртина од таа цена.
Порталот Electrek еднаш напиша за сопственик на автомобил на Тесла од САД, кому му било кажано дека замената на батеријата на неговиот модел чини 22.500 долари, но истиот тој сопственик нашол независен сервис кој му ја заменил батеријата за 5.000 долари.
Гаранцијата на Tesla вообичаено покрива замена на батеријата ако нејзиниот капацитет падне под 70 отсто во рок од 240.000 километри или во рок од осум години од купувањето на возилото. Но, сопствениците на модели кои повеќе не спаѓаат под таа гаранција сега се соочуваат со многу големи сметки за поправка на батерии, бидејќи поради слабеењето на батериите во нив, опсегот на овие возила драстично опаѓа.
Споменатиот канал на Јутјуб заедно со Катаинен приредија шоу за широките маси, а дури во Тесла ставија кукла налик на сопственикот на Тесла, Илон Маск.
Тумас во видеото опишал дека е исклучително задоволен од првите 1.500 километри откако купил користен Tesla, но дека после тоа настанала грешка во батеријата. Тој вели дека поминал околу еден месец во овластениот сервис, по што му било кажано дека нема друг избор освен да ја замени батеријата која ќе го чини најмалку 20.000 евра, со бараната дозвола од централата на Тесла за таа замена.
Им реков дека ќе го разнесам автомобилот бидејќи не е под гаранција или нешто слично, вели тој во видеото на Тоумас.
И така светот остана без еден постар Model S, а како изгледаше, погледнете во приложеното видео подолу.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа