Филмско убиство: Моторџија пресретнал автомобил и пукал осум пати, убиено едно лице

Еден човек е убиен утрово во северните предградија на Атина кога бил застрелан додека бил во автомобил од моторџија, соопшти полицијата.

Од полицијата велат дека трагаат по напаѓачот, пренесе Катимерини.

Според првичните податоци, убиецот бил на мотор и дошол до автомобилот БМВ и пукал во жртвата најмалку осум пати пред да успее да побегне.

02.07.2024 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега