Филипче: На ДУИ треба да им е јасно дека Рамковниот Договор не е извор на желби

 

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“ вели дека СДСМ нема да поддржи никаква интерпретација или автентично толкување на Рамковниот договор и додава дека тој не е извор на желби. 
 
„На ДУИ треба да им биде јасно дека тој не е неисцрпен извор на желби. Тоа е историски документ и се што е од него произлезено и договорено со нашите стратешки партнери, како меѓународни гарантори на тој договор, е веќе втора деценија дел од уставниот поредок на земјата. Нема интерпретации, нема автентични толкувања. Мачен и долг беше процесот на негова имплементација и ставот на СДСМ е јасен: ниту поддржувала, ниту ќе поддржи какви било барања за негова интерпретација, или како што слушам сега, автентично толкување од странски експерти, од кого и да доаѓаат“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интревју на неделникот „Фокус“.
16.08.2024 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега