Фергусон го бранеше Гигс на суд: Тој имаше фантастичен темперамент

 

 

Сер Алекс Фергусон, легендарниот поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, денеска се појави на суд како сведок на одбраната на неговиот поранешен фудбалер, Рајан Гигс, зборувајќи за односите со поранешниот велшки фудбалер, кој е на суд за физички напад на неговата поранешна евојка, Кејт Гревил.

Пред судот во Манчестер, 80-годишниот Фергусон зборуваше за односите со Гигс, оценувајќи го како човек со фантастичен темперамент.

„Да се има толку долга кариера на тешка позиција, тој ги исполни сите можни очекувања кои беа поставени пред него. Без сомнеж тој беше најдобриот пример кој го имавме во клубот и сите гледаа на Рајан Гигс како на број 1“, изјави Фергусон, по што на прашање дали некогаш ја загубил контролата и станал агресивен, кратко одговори: „Не, никогаш“.48-годишниот Гигс демантира дека ја контролирал својата поранешна девојка, 38-годишната Гревил од август 2017 до ноември 2020, но и дека физички ја нападнал неа и нејзината помлада сестра, 26-годишнат Ем Гревил. Тој призна дека бил неверен во сите негови претходни врски, но додаде дека никогаш не нападнал жена. Тој објасни дека не можел да оддолее на интересот од „атрактивни жени“ и дека секогаш сакал да флертува.

 
19.08.2022 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега