Евросонг 2023: Објавен редоследот на изведувачи на полуфиналињата

 

Во средата беше утврден редоследот на настапи на двете полуфинални вечери на 67. избор за песна на Евровизија.

Британската телевизиска куќа Би-би-си го одлучи редоследот по кој претставниците на земјите натпреварувачи ќе се појават на сцената во мај, што го потврди и Мартин Остердал.

Треба да се напомене дека од 2013 година до денес продуцентите на шоуто одлучуваат за редоследот во двете полуфиналиња.

Првата вечер ќе се одржи во вторник, 9 мај, со почеток во 20 часот. Втората полуфинална вечер е во четврток, 11 мај.

Во првото полуфинале се натпреваруваат вкупно 15 земји. Полуфиналето ќе го отвори еден од фаворитите на годинешното натпреварување – Норвешка, а ќе заврши со уште еден голем фаворит – Финска.

Второто полуфинале ќе го отвори Данска, а ќе заврши со Австралија.

Ќе се квалификуваат десетте најдобри земји од секое полуфинале, кои ќе се сретнат со големата петорка, како и со минатогодишниот победник Украина во големото финале во сабота на 13 мај.

23.03.2023 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа