ЕВН најави исклучувања: Повеќе места во Скопје денеска без струја

 

 

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Чаир, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер Сандево, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 06:30 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од од селото Сарај ул.„4“ – пат за селото Љубин кај кафе „Лозана“ во Општина Сарај.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Лазар Трповски“ зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски во Општина Чаир.

Во периодот од 09:00 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат селото Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово во Општина Сопиште.

Во периодот од 10:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите на ул.„Наум Чакаров“ бр.1-5 и ул.„Борис Сарафов“ бр.105-121 во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 12:00 до 13:00 часот без снабдување со елетрична енергија ќе останат корисниците од ул.„1“ во с.Побожје, пат кон Бутел во Општина Чучер Сандево.

Поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Христо Татарчев“ бр.22/4, денеска без вода ќе останат корисниците крак 22 од оваа улица во Општина Кисела Вода. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.

17.04.2025 - 08:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега