ЕУ обезбедува дополнителни хуманитарни летови за помош на луѓето во Газа
„До крајот на неделата со авиони од италијанскиот град Бриндизи ќе бидат испратени 55 тони помош. Следната недела од Букурешт ќе бидат реализирани три лета, а Романија ќе обезбеди шатори. До крајот на месецот авион со помош на ОН ќе полета од белгискиот град Остенде“, се додава во соопштението.
Преку воздушниот мост отворен меѓу ЕУ и Египет, изминатите недели беа реализирани 14 летови и испратена е итна помош од 550 тони.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен прецизира дека се планира помошта да се испраќа и по морски пат. „ЕУ отсекогаш била најголемиот донатор за Палестинците“, рече Фон дер Лајен.
Таа истакна дека ЕУ четирикратно ја зголемила помошта за Газа оваа година на повеќе од 100 милиони евра и дека им дава поддршка на најранливите Палестинци веќе 23 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа