„Ерусалим пост“ објави список на влијателни Евреи: Пригожин е на него, но Зеленски не е

 

„Ерусалим пост“ вчера по повод Рош Хашана, почетокот на еврејската нова година, ја објави својата годишна листа на највлијателни Евреи. Интересно е што на списокот е и основачот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа во Тверската област во Русија на 23 август годинава.

Таткото на Пригожин, кој починал кога Пригожин имал девет години, бил Евреин. Откако одлежа речиси една деценија затвор за кражба, Евгениј Пригожин со помош на својот очув Евреин, штандот за хот-дог го претвори во империја на луксузни ресторани и стана познат како „готвачот на Путин“, пишува „Ерусалим пост“.

Пригожин потоа ја создаде и управуваше фармата за тролови на Агенцијата за истражување на Интернет за интензивно да се вмеша во претседателските избори во САД во 2016 година. Израелските медиуми истакнуваат дека Пригожин го привлече глобалното внимание дури оваа година кога започна краткотраен, но добро поддржан бунт против режимот на Владимир Путин.

Откако јавно ги критикуваше постапките на членовите на руското воено раководство и ги обвини дека ги нападнале вагнеровците во Бахмут, тој нареди марш кон Москва. Тоа беше најмасивниот бунт во целото 23-годишно владеење на Путин, што заврши со договор со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

16.09.2023 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега