Еруптираше вулканот на Камчатка, исфрла пепел во висина до 5,5 километри
Вулканот Каримски во централниот дел на Камчатка еруптираше по две години.
Вулканот исфрла пепел до висина до 5,5 километри, објави на својот канал на Телеграм, Институтот за вулканологија и сеизмологија на далечниот источен огранок на Руската академија на науките.
Вулканската активност може да претставува опасност за авионите вклучени во локалниот воздушен сообраќај, поради што е издадено предупредување за воздушен сообраќај.
21.06.2024 - 14:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа