Ердоган започна пресметка со терористите: Уапсени над 90 луѓе, антитерористички операции во 18 провинции
Турските безбедносни сили уапсија 90 лица под сомнение за вмешаност во активностите на Курдистанската работничка партија (ПКК).
Таа партија е прогласена за терористичка организација во Турција. Како што пренесуваат турските медиуми, антитерористички операции биле извршени во 18 турски провинции.
Новинската страница „ANF News“, блиска до милитантната група Курдистанска работничка партија, во петокот објави дека група наречена „Баталјонот на бесмртните“ извршила бомбашки напад во турскиот главен град Анкара.
Двајца терористи извршија бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, при што двајца полицајци се полесно повредени, пренесе Ројтерс.
Еден напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија локалните власти.
При престрелката двајца полицајци биле полесно ранети. Како што јави ТВ каналот „А Хабер“, одговорноста за обидот за терористички напад ја презеде Работничката партија на Курдистан.
По овие настани, турското Министерство за одбрана извести дека Турција извршила воздушни напади во северниот дел на Ирак и уништила 20 цели на забранетата курдска група ПКК.
Турската војска ги засили воздушните напади врз северните ирачки бази на ПКК во Гара, Хакурк, Метина и Кандил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа