Епидемиите на мали сипаници се во пораст, предупредува СЗО
Напорите за вакцинирање на децата ширум светот против смртоносни болести како сипаници и дифтерија почнаа да се стабилизираат во 2022 година, по историскиот неуспех предизвикан од пандемијата со Ковид-19, покажуваат новите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека бројките се охрабрувачки, но постои загриженост дека најранливите земји се запоставени.
„Кога земјите и регионите заостануваат, децата ја плаќаат цената“, рече тој.
Организациите исто така предупредија дека вакцинацијата против морбили не оди така брзо. Кејт О’Брајан, шеф за имунизација во СЗО, рече дека стапките на покриеност со сипаници всушност продолжиле да паѓаат минатата година во земјите со ниски приходи, на 66% во споредба со 67% во 2021 година. Епидемиите на сипаници веќе се во пораст, се истакнува од страна на надлежните
„Кога децата не се вакцинирани, тоа значи дека не се имуни на болести кои можат да доведат до смрт“, рече О’Брајан во интервју за Ројтерс. „Децата би можеле да умрат“, додава тој.
Само стапките на вакцинација против ХПВ, против рак на грлото на матката, се вратија на нивоата пред пандемијата. Сепак, тие остануваат под целта од 90%, со 67% во земјите со високи приходи и 55% во земјите со среден и низок приход каде што е воведена вакцината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа