Елфете Исмаили oд Алијанса е кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик министер за земјоделство

 

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, одржа состанок на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната Влада и едногласно ги избра кандидатите за заменици министри во новата Влада, кои ќе треба да ги изгласа Собранието.

Одлучено е Елфете Исмаили да биде кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети кандидат за заменик министер за земјоделство.

Во дискусијата беше истакнато дека избраните членови на Алијансата за Албанците во идната влада во рамките на „Влен“ ќе ја одразуваат долгоочекуваната промена, ќе бидат на чело на своите должности и во служба на граѓаните и во одбрана на нивните интереси.

Борбата против криминалот и корупцијата, европскиот пат на земјата и економскиот раст и благосостојбата на граѓаните се основните столбови на идната влада.

20.06.2024 - 10:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега