Елена Велевска се расплака пред камера: Ми теба топлина и со ништо не може еден човек да ме уценува
Фолк-пејачката Елена Велевска зд ебе ја остава 2021 годиа како најлоша година во нејзиниот живот.
Таа во естрадниот магазин Бекстејџ истакна дека во 2021 година изгубила буквално сѐ, но останала силна и храбра. Иако го изгубила старателството над децата, сепак успеала да си го најде мирот откако се разделила од сопругот.
-Meне не ми е битно старателството или листот хартија кој го земал насилникот, не ми треба архива од хартија, мене ми треба топлина, јас ја имам мајчинската љубов и со ништо не може еден човек да ме уценува и да ме држи онаму каде што не припаѓам. Се знае каде припаѓаат децата, тие секогаш се во моето срце и го чекам денот кога ќе ми бидат вратени кај мене, кажа пејачката со солзи во очите.
Таа откри и како нејзините деца го прифаќаат тоа што се развела од сопругот
-Не постои цена која би ме вратила таму зошто многу ми е поубаво да живеам во мир, се расплака Елена и побара пауза од интервјуто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа