Елена Ристеска проговори: Во мојата земја се’ помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности
Македонската дива Елена Ристеска проговори за ситуацијата во Македонија, во однос на манифестациите за успесите на јавните личности. Познатата пејачка на социјалната мрежа „Инстаграм“ го изрази своето разочарување, за како што рече, се помалиот број на меродавни манифестации.
„За жал, во мојата земја се’ помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности“, напиша Ристеска.
Оваа реакција доаѓа, откако пејачката ја прими наградата “Личност на годината во светот на поп музиката” и се закити со уште една статуетка или награда, како една од 7те жени наградени од разни области во Сокобања, Србија.
„Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство , тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот. Уште една награда на моите полици дома меѓутоа уште една сатисфакција и спомен во моето срце и уште едно признание за овие 19години музичка кариера“, напиша пејачката Ристеска на социјалната мрежа „Инстаграм“.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа