Експлозија во фабрика за експлозиви во централна Русија, шест лица загинаа

 

 

Шест лица загинаа во експлозија во фабрика за експлозиви во централна Русија, јавува АФП повикувајќи се на руски државни агенции.

Според нив, во експлозијата се повредени две лица.

„РИА новости“ пишува дека експлозијата се случила во фабриката „Промсинтес“ во областа Самара.

Како што пишува „Газета.ру“, експлодирала цевката за довод на азот.

„Промсинтес“ е еден од главните производители на индустриски експлозиви во Русија.

07.07.2023 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега