Експлозија, па пукање во Братислава: Eден човек загина, три лица се ранети
Во пукање во текот на ноќта во Братислава, едно лице загина, а четворица се ранети, соопштија словачките власти.
Полицијата соопшти дека истражува ноќен инцидент во населбата Дубрава, во кој загина еден маж на 32-годишна возраст, а четворица се ранети, од кои тројца се задржани на болничко лекување, пренесува ТАСР. Соопштено е дека при интервенцијата полицијата морала да употреби огнено оружје.
Портпаролот на Регионалната дирекција на полицијата во Братислава, Михал Шаиф, информираше дека на улицата Федакова во Дубрава по полноќ биле испратени неколку полициски патроли врз основа на повеќе телефонски јавувања од граѓани.
Во еден од становите се случила експлозија, по што следеле истрели од огнено оружје. При интервенцијата, полициски службеници морале да употребат службено огнено оружје против одредено лице.
„Едно лице се здобило со повреди и починало на местото на настанот“, рече Шаеф.
Како што истакна, во инцидентот се повредени и други лица кои се префрлени во болници. Врз основа на телефонски повик на итната линија 155, Регионалниот оперативен центар во Братислава синоќа испрати четири екипи во населбата Дубравка. Со прострелни рани биле пронајдени четири лица, кои по укажаната помош биле пренесени во болниците. Петтиот е прогласен за мртов од спасувачите, соопштуваат од итната помош.
Полицијата ги утврдува сите околности и точните причини за инцидентот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа