Експлозија на плинска боца во Пробиштип: Повредено едно лице


Вчера околу 17.45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека во помошен објект на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, сопственост на П.Д.(88) од Пробиштип, настанала експлозија на плинска боца и пожар.

Притоа, сопственикот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош. Од пожарот настанало делумно оштетување и на соседната куќа, сопственост на Ц.В..

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип пожарот бил изгаснат, а по наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Пробиштип.

03.09.2024 - 17:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега