Експлодираше бомба на аеродромот во Јапонија - летовите откажани

 


Американска бомба од Втората светска војна експлодираше на јапонски аеродром, кој беше затрупан под такси патеката.

Експлозијата остави голем кратер и откажа повеќе од 80 летови, но нема повредени, соопштија јапонските власти.

Во моментот на експлозијата на аеродромот Мијазаки во југозападна Јапонија немало авиони во близина, соопштија властите, додавајќи дека е во тек истрага зошто експлодирала бомбата тешка 225 килограми.

Видеото снимено од блиското воздухопловно училиште покажува како експлозијата фрла парчиња асфалт во воздух.

Видео снимката емитувана на јапонската телевизија покажа кратер на сообраќајницата, наводно, со дијаметар од околу 7 метри и длабочина од 1 метар.Аеродромот Мијазаки бил изграден во 1943 година како полигон за обука на поранешната Империјална јапонска морнарица, од која некои од пилотите камикази полетале во самоубиствени мисии.

Голем број неексплодирани бомби фрлени од американската војска за време на Втората светска војна се откопани во областа, соопштија претставници на Министерството за одбрана.

Стотици тони неексплодирани бомби сè уште се закопани низ Јапонија.

03.10.2024 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега