Ексфудбалерот на Ајнтрахт, истепан од навивачите во Барселона

 

Чешкиот поранешен фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, Мартин Фенин имал крајно непријатно искуство во Барселона, каде што отпатувал како навивач на германскиот клуб, но бил нападнат од навивачите на каталонскиот клуб.

Победата на Ајнтрахт на „Ноу Камп“ во мечот од Лига Европа предизвика многу контроверзи во Шпанија бидејќи на трибините имаше над 30 илјади навивачи на германскиот клуб, меѓу кои бил и Фенин. Самиот фудбалер на социјалните мрежи го сподели видеото на социјалните мрежи на кое се гледа како е нападнат од зад грб.

„Ова сум јас и мојата сопруга. По мечот, мојата сопруга и јас бевме истепани и потоа поминавме 36 часа во полициска станица, без помош, без храна и вода. Браво Барса, браво Шпанија“, напиша Фенин.

Фенин играше за Ајнтрахт од 2008 до 2011 година, со 96 настапи и 16 гоа, а потоа играше и за Енерги Котбус и Кемницер.

 

17.04.2022 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега