Еко-активисти ги прекинаа летовите во Германија

 

Групата активисти за заштита на животната средина „Последна генерација“ денеска започна протестни акции на неколку германски аеродроми, принудувајќи прекин на летовите на најмалку еден, соопштија групата и полицијата, јави ДПА.

Двајца активисти во портокалови елеци со висока видливост влегоа на аеродромите во Берлин-Бранденбург, Штутгарт, Нирнберг, Келн-Бон, соопшти организацијата.  Тие не влегоа на пистите, соопшти групата.

Активистите мирно го изразија својот отпор со истакнување на транспаренти „Нафтата убива“ и „Потпиши го договорот“, објави организацијата.

Тие не го прецизираа договорот, но најверојатно се однесува на иницијативата за спогодба за неширење на фосилни горива, наведува ДПА.

Во октомври 2022 година, Европскиот парламент донесе резолуција со која ги повикува националните држави да работат на таков договор.

15.08.2024 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега