Екипите се уште се на терен: Сообраќајот на патот Скопје-Велес целосно блокиран

 

Од 17.45 часот поради случена сообраќајна незгода на автопатот Скопје -Велес, пред тунелот, блокирани се двете сообраќајни ленти, информираат од АМСМ.

Сообраќајот ќе се пренасочува преку Петровец - Велес (по стариот пат), Миладиновци -  Св.Николе – Велес – Штип.

На лице место на несреќата била констатирана смрт кај тројца патници, по фаталната сообраќајка на патот Скопје-Велес, откако попладнево се преврте комбе, кое враќало повеќе лица од работа. 

Останатите пет патници кои во моментов се борат за живот на Ургентен во Скопје, од местото на несреќата биле транспортирани со две возила на велешката Итна медицинска помош. 

Тројцата загинати во фаталната сообраќајка на патот Скопје-Велес, биле патници во комбето. Неофицијално Прес24 дознава дека станува збор за лица кои се враќале од работа, а комбето припаѓа на приватна компанија. 

За потсетување, како што објавивме претходно, комбето се превртело во 17.45 часот. 

„Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител, изјавија од МВР за Прес24.

Скопје-Велес е се уште затворен за сообраќај. Полициските екипи се на терен и прават увид на местото на несреќата. 

16.10.2024 - 20:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега