ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 125,24 евра за мегават час, на МЕМО 126,91 евра за мегават час

 

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 21 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 125,24 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 126,91 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 122,14 евра за мегават час, а на MEMO 129,15 евра.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јули до сега, (baseload till date) на HUPX изнесува 97,48 евра за мегават час, додека просечната цена за јули на МЕМО берзата изнесува 98,95 евра за мега ват час.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

21.07.2023 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега