ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска 119,13 евра за мегават час

 

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 10 март просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 119,13 евра/mwh.

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигнаниво од 131,19 евра за мегават час. 

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец март до сега, (baseload till date)изнесува 138, 25 евра за мегават час. 

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да сеподигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

10.03.2023 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега