Една од најсјајните комети ќе помине покрај Земјата по првпат после 70 години
Наскоро ќе бидеме сведоци на една од најсјајните комети кои периодично поминуваат крај Земјата, и тоа по прв пат после 70 години. Експертите велат дека кометата 12P/Pons-Brооks моментално и се приближува на Земјата. За најголем дел од нас тоа ќе биде прв пат во животот да ја видиме кометата.
Се очекува дека кометата ќе дојде до својата најблиска точка до Сонцето на 21 април, а најблиску до Земјата на 2 јуни, проценуваат астрофизичарите. Проектот виртуелн телескоп, односно онлајн услугата која ја нуди Астрономската опсерваторија Белатрикс во Италија, објави фотографии од кометата направени од тосканскиот град Манчијано, кој може да се пофали со некои од најтемните неба на Апенинскиот Полуостров.
„Моментално многу убава комета поминува преку ноќното небо. Тоа е кометата 12P/Pons-Brооks. Оваа комета се појавува периодично. Тоа значи дека се движи во орбита околу Сонцето и само периодично влегува во внатрешноста на Сончевиот систем да го посети тамошниот крал, Сонцето. После секој период, во овој случај на 71 година, таа се враќа во својот перихел“ велат италијанските астрофизичари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа