Џорџина откри детали од животот со Роналдо: „Имаме готвач, но понекогаш и јас готвам“
Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, Георгина Родригез откри неколку детали од животот со португалската ѕвезда.
Според неговата избраничка, Роналдо е одличен татко и партнер.
„Кристијано е одличен татко и најдобриот сопруг за кој можев да сонувам. Но, тој не готви. По цело утро тренира, заслужува чинија топла храна подготвена со љубов. Имаме готвач, но и јас готвам понекогаш“, изјавила Џорџина за „Sportweek“.
Зборувала и за навикнување на животот во Саудиска Арабија, каде Кристијано игра за Ал-Наср. Таа се пожалила на новиот дом, бидејќи таваните биле превисоки, па дури и менувањето на сијалица е проблем. Дополнително, промената на културата ја смета за голема, односно радикална.
Иако постоела загриженост за заедничкиот живот бидејќи не се венчале, Кристијано и Георгина немаат никакви проблеми.
„Властите неодамна почнаа да ‘прегледуваат низ прсти’ и повеќе не се строги како порано, но законот се применува доколку има проблем или кривично дело“, изјавија неодамна адвокатите за агенцијата ЕФЕ, па славниот пар не е во животна опасност.
Тие двајца се долго време заедно и веќе имаат семејство. Во врска се од 2016 година по средбата во продавницата на Гучи, каде што работела Георгина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа