„Џерусалим пост“: Хамас и Израел договорија прекин на огнот

Израел и Хамас се договорија за прекин на огнот, пишува „Џерусалим пост“.

Како вонредна вест, на својот профил на платформата „Икс“, повикувајќи се на политички извори, весникот објави дека е договорено примирје.

„Примирјето меѓу Израел и Хамас ќе трае пет дена, а четириесет деца и 13 заложници ќе бидат ослободени од заробеништво на Хамас“, изјави неименуван извор за весникот.

Хамас и Израел треба да потпишат договор за ослободување на заложниците, а израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нагласи дека Израел чека да се донесат тешки одлуки.

„Тајмс оф Израел“ наведува дека Израел нема да ги ослободи палестинските затвореници осудени за убиство. Медиумите јавуваат и дека, според изворите, по размената на заложниците ќе продолжи воената кампања на Израел во Појасот Газа.

21.11.2023 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега