Џејми Фокс сè уште закрепнува по здравствените проблеми

 

Џејми Фокс наводно сè уште не е при себе откога претрпе мистериозна медицинска компликација во април.

Добитникот на „Оскар“ и „Греми“ бавно закрепнува среде стравување за можни последици – иако засега не се објавени точни детали за неговата состојба.

„Тој во моментот ја добива најдобрата нега и работи напорно за да закрепне, но тој сè уште не е при себе“, изјави извор за „Пипл“. „Неговите најблиски се постојано со него.“

На 5 мај оскаровецот беше сместен во болница во Атланта, каде што со денови беше под опсервација откога му се слоши на снимањето на акционата комедија „Повторно во акција“.

Подоцна истиот месец тој замина во еден од најдобрите центри за рехабилитација.

Деталите за итната интервенција поради која Џејми беше хоспитализиран не беа откриени во јавноста.

30.06.2023 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега