Џејми Фокс останува во болница по итната медицинска интервенција

 

Актерот Џејми Фокс останува хоспитализиран во Џорџија речиси една недела откога неговата ќерка обелодени дека претрпел медицинска компликација, изјави за Си-ен-ен извор близок до семејството.

Неговата ќерка Корин Фокс минатата недела се огласи на „Инстаграм“ и откри дека татко ѝ имал компликации поврзани со здравјето, иако не прецизира што се случило.

Таа во својата објава додаде: „Благодарение на брзата акција и добрата грижа, мојот татко е на пат кон закрепнување“.

Си-ен-ен викендов објави дека Фокс завршил во болница и дека е подложен на медицински тестови. Семејството и понатаму не открива со каков здравствен проблем се соочува.

Фокс беше во Атланта, каде што ја снима акционата комедија „Повторно во акција“ со колешката Камерон Дијаз. Извор близок до продукцијата на филмот изјави дека снимањето е во тек и се очекува да заврши оваа недела.

Сето ова доаѓа по веста дека снимањето на првиот филм на Камерон по пауза од девет години наводно било оптоварено со многу проблеми, при што Џејми Фокс, кој воедно е и извршен продуцент на филмот, имал нервен слом.

„Повторно во акција“ (Back in Action) почна да се снима во Велика Британиja. Проблемите што наводно се појавиле на снимањето резултирале со одлука на 55-годишниот Џејми да отпушти четворица членови на персоналот вклучувајќи го и својот возач, еден продуцент и помошник-режисер.

26.04.2023 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа