Две лица приведени - зошто е убиен докторот во Железара?


Две лица се приведени, а полицијата вршeла претреси во врска со случајот во кој убиен беше доктор во кругот на поликлиниката Железара.

Ова вечерва го истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој посочи дека за овој предмет СВР Скопје вложи огромна енергија.

-Во овој предмет се преземени над 20 истражни дејствија по наредба на јавен обвинител. Разгледани се преку 50-тина видео записи. Во овој момент се постапува по наредба се врши претрес, имаме осомничени лица за настанот. Има материјални траги кои водат до осомничените, а приведени се две лица, нагласи Тошковски.

Министерот истакна дека, според информациите со кои во моментов располага, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

 

28.03.2024 - 08:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега