Двајца скопјани претепале сограѓанин, по што претепаниот собрал група луѓе и го нападнал напаѓачот и неговото семејството

Вчера околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Б.И. од Скопје и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје.

Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

03.09.2024 - 16:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега