Два нови парка и намалување на бројот на станбени површини за 90 проценти

 

Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој ја крена јавноста на нозе, сега добива трета верзија која предвидува многу зеленило и намалување на бројот на станбени површини за цели 90%. Неофицијално, Општина Аеродром ја подготви третата верзија на планот, целосно усогласена и направена согласно барањата на граѓаните и за истата во текот на следната ќе одржи јавна презентација и анкета.

Од Општина Аеродром велат дека овој дел од Лисиче ќе биде зелен, со станбени површини кои ќе овозможат нормално циркулирање на воздухот и со урбанистички решенија кои ги решаваат комуналните проблеми на граѓаните кои живеат во овој дел од општината.

Целиот процес на носење на планот, Општина Аеродром го спроведе во транспарента постапка со вклученост на граѓаните. Новиот план по неговото финално донесување предвидува два парка, каде граѓаните ќе можат да дишат чист воздух и намалување на бројот на станбени објекти за 90% во споредба со првата верзија на планот и за околу 50% во споредба со втората верзија за ДУП-от за овој дел од Лисиче.

Првично во втората верзија на планот, Општина Аеродром предвиде значително намалување на бројот на станбени објекти и намалување на катноста на објектите кои остануваат. Сега, во третата верзија на планот се оди и чекор напред со дополнително скратување на станбените објекти и овозможување услови за изградба и легализација на објектите за индивидуално домување. Освен, интервенции во делот на станбените објекти се интервенира и во делот на зеленилото со изведба на два нови парка, од кои едниот на повеќе од 3000 квадратни метри површина. 

09.08.2023 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега