ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Вреди ги засилија клеветите против Османи и Џафери
Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за Претседател, Бујар Османи, како и кон премиерот Талат Џафери, предупредувајќи за руско сценарио кое има за цел политички немири по 8 мај, велат од ДУИ.
Според партијата, опозициската коалиција ВРЕДИ ги засилила клеветите против Османи и Џафери.
-Координирана со ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и ЛЕВИЦА на Апасиев, како и во отсуство на изборна програма, коалицијата ВРЕДИ ги засили клеветите против Бујар Османи и Талат Џафери, а не ги штедат ниту семејствата на функционерите, нешто што ги загрижува и граѓаните, но известен е и меѓународниот фактор во земјата. Ја покануваме опозицијата, и албанската и македонската, да води кампања во согласност со европските и демократските вредности, бидејќи се што е против тоа значи оддалечување од Европската унија и приближување до Москва и Путин, велат од ДУИ.
Партијата ја поздрави одлуката на ОБСЕ-ОДИХР да ги следи изборите со 300 набљудувачи.
-Ја уверуваме јавноста дека ДУИ, како и низ другите години, ќе организира слободни, демократски и меѓународно прифатени избори, а обидите на опозицијата да предизвика криза ќе го добијат заслужениот одговор на 8 мај - кога конечно ќе биде запечатен нивниот пораз, велат од ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа