ДУИ: Кој се плаши од меѓународно мониториран ветинг?

 

Поминаа три дена и се уште нема барање од политичкитепартии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониторира ветинг, велат од ДУИ.

„Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулознисоопштенија.

Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засилисомнежите на граѓаните за вистинската посветеност конборбата против корупцијата.

Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветингза секој политичар во последните триесет години.

Овој процес треба да биде транспарентен и независен, совклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правдаи доверливост.

Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста заборбата против корупцијата е обид за прикривање насопствената корупција“, стои во соопштението на ДУИ.

08.08.2024 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега