Дрон со 17 килограми експлозив се урна во близина на Москва, соопштуваат украинските медиуми
Беспилотно летало со 17 килограми експлозив се урна во близина на Москва, објави денеска рускиот канал на Телеграм База, пренесува Новиот глас на Украина.
Вчера, 23 април, во попладневните часови, жител открил дрон во шумата кај Ногинск, во Московската област.
Откриеното беспилотно летало наводно е украински UJ-22 Airborn, тврди База.
„Очигледно е дека резервоарот е без гориво. Во дронот биле пронајдени околу 30 брикети од по 570 грама со експлозив“, според База.
24.04.2023 - 13:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа