Драма во Велес: Малолетничка нападната со метален предмет, испукани предупредувачки куршуми

 


Вчера околу 18 часот, во СВР Велес, Е.Х.(25) од Велес, пријави дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27-годишна сопруга дошла на местото на настанот, тој и кон неа упатил закани. 

Од страна на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи  остри предмети,  му била дадена наредба да ги фрли, но истиот се оглушил на наредба, им се заканувал на полициските службеници движејќи се кон нив со намера да ги нападне, по што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух и повторно му била дадена наредба да ги фрли предметите. С.У. повторно се оглушил на наредбата,  продолжил да се движи кон полициските службеници, и бил испукан уште еден предупредувачки куршум во воздух, по што напаѓачот го фрлил едниот предмет и се дал во бегство.

Биле испукани уште два предупредувачки куршуми во воздух, а С.У. и натаму бегајќи го фрлил и другиот предмет. Предметите се пронајдени и одземени, за настанот е известен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по лицето интензивно се трага.

14.06.2025 - 13:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега