Драма на небото над Турција: Патници и екипаж повредени во турбуленции во авион
Aвион кој летал од Доха за Даблин почувствувал многу силни турбуленции над Турција.
Службите за итни случаи се упатиле кон аеродромот во Даблин, откако најмалку 12 патници и членови на екипажот беа повредени за време на турбуленции на летот на Катар ервејс.
Според извештаите, авионот летал од Доха за Даблин, кога почувствувале многу силни турбуленции над Турција. Шест патници и шест членови на екипажот се повредени.
Аеродромот во Даблин соопшти дека авионот безбедно слетал околу 13 часот по локално време.
26.05.2024 - 15:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа