Домати и краставици за 95 денари, лимони за 60 денари: Цените на овошјето и зеленчукот ќе останат замрзнати до 31 мај

 

За еден месец, односно до 31 мај се продолжува рокот на траење на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на големо и трговијата на мало. Предлогот е на Министерството за економија, а одлуката ја донесе Владата на денешната седница.

- Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените во трговијата на мало, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува до 31 мај 2023 година, соопшти Министерството за економија. 

Со оваа Одлука, се определени највисоките цени во трговијата на мало на одреден дел од овошјето и на зеленчукот. Килограм свежи домати и килограм свежи краставници ќе чинат до 95 денари. Исто толку ќе чини и килограм грав, а килограм кромид - 70 денари.

Килограм свежи зелени пиперки ќе чинат до 100 денари, 110 денари ќе чини килограм леќа, а 75 денари килограм банани.

Килограм портокали и килограм лимони ќе чинат до 60 денари, а 65 денари за килограм мандарини.

28.04.2023 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега