„Доколку Бог би создал жена со најдобро тело на планетата, тоа би била ти“: Славната убавица позираше во бикини
Познатата пејачка Никол Шерцингер ужива со своето момче Том Еванс на одмор, а фотографиите од плажа ги споделила на својот Инстаграм профил.
Никол позирала во прегратките на згодниот рагбист, а и двајцата можат да се пофалат со беспрекорната фигура на тело.
Никол изгледала спектакуларно во неон бикинито, покажувајќи го рамниот стомак, извајаните нозе и стомачни мускули, па уште еднаш ја оправда титулата „најзгодна жена на светот“.
Убавата 43-годишна жена носела и очила за сонце, но јасно се гледало дека блеска иако немала ниту грам шминка на лицето.
Фотографиите добиле многу допаѓања, но и коментари:
„Изгледаш совршено“, „Твоето лице е толку затегнато и прекрасно“, „Толку многу си убава, човекот покрај тебе е вистински среќник“, „Имаш тело од соништата“, се само дел од коментарите.
Инаку, Никол својата совршена фигура ја должи на вежбањето, а кога станува збор за исхраната таа тврди дека јаде сè, но умерено и со акцент на здравиот вид на храна.
Исто така води сметка и нејзиниот оброк да содржи избалансиран однос на масти, јаглехидрати и протеини.
На пример, за појадок јаде тост од авокадо со јајца и чаден лосос или пак здрава овесна каша со шумско овошје.
Кога станува збор за вежбањето оваа славна убавица практикува речиси секојдневно вежбање во теретана, 20 минути кардио тренинг, планинарење, јога...
Да ве потсетиме, Еванс неодамна првпат отворено проговори за романсата со атрактивната пејачка признавајќи дека таа за него е „премија“ и дека веднаш знаел дека „таа е вистинската“.
„Луѓето секогаш велат: Кога е тоа вистинското едноставно знаеш. И можам искрено да кажам дека никогаш не сум го почувствувала тој момент. Но, со Никол веќе во првите неколку денови беше прекрасно, и натаму е прекрасно“, додал тој.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа